Преферита

Баклава со гриз

Состојки

1кг кори за баклава Преферита ; 700г ореви (половина мелени, половина толчени) ; 500г путер, ; 2 лажици гриз ; 2 лажици ладна вода.

Подготвување

Во плех се редат три кори па се попрскуваат со путер кој е претходно растопен на тивок оган. Се посипуваат со оревите мешани со гризот. Се редат корите една по една, па секоја се прска прво со путер, а потоа со ореви. Се завршува со три кори кои пак се прскаат со путер. Откако ќе се исече (баклавата секогаш се сече непечена), се прска со останатиот путер во кој се додадени двете лажици ладна вода. После печењето се попарува со шербет од 1300г шеќер и 700мл вода, и тоа топла баклава со топол шербет (многу убаво омекнува, само одозгора е крцкава).

Добар апетит!