Состојки
1кг кори за баклава
; 500гр.ореви (200гр.сецкани, 300гр.мелени)
; 1 ванила
1 кора од лимон
; 250гр. маргатин
; 250гр. бисквити
; 200гр. чоколадо за готвење
Подготвување
Oревите се мешат во сад заедно со кора од лимон(рендана), мелените бисквити и ванилата. Плехот се подмачкува со масло. Се реди 1кора се додава од филот и се ренда малку од чоколадото. Така се повторува се додека не завршат сите кори, а потоа коцката маргарин се ренда низ цела баклава рамномерно.Се пече 20минути на 200 степени.
Шербет :
1 лимон ;
1 ванила
; 1250гр. шеќер
; 1250мл. вода
Водата и шеќерот ги ставаат во тенџере на оган за да се стопи шеќерот. Се остава шеќерот и водата да повријат и додека уште не е загустен со пола од шербетот ја попаруваме баклавата, а другата половина се враќа на рингла да врие се додека не се добие средна густина. Кога е готов шербетот му се додава сок од лимон и ванила. Со врелиот шербет се попарува баклавата.
Добар апетит!