Преферита

Пита со компири

Состојки

450гр.кори за пита Преферита ; 5 поголеми компири ; 2 глави црвен кромид ; 1 лажичка црн пипер ; 2-3дл. инстант супа

Подготвување

Компирот се лупи, и пола од него се ренда, а пола се сецка на ситни коцки. Кромидот се лупи и се сецка на ситни коцки. Се мешаат компирот и кромидот и се додава црн пипер. Така припремената смеса се става на корите . Земете една коцка супа, и прелијте ја со вода. Таванката намачкајте ја со масло, ставете кора, премачкајте ја со маргарин, и врз неа наросете од филот, па од супата. Повторете ја постапката со сите кори. Тавата ставете ја во рерна и печете 40-45мин.,зависно од дебелината на питата. Кога ќе ја извадите од рерна, повторно попрскајте је со супата и оставете ја да отстои 5-10мин. покриена со крпа. Послужете ја со павлака или јогурт, бидејќи вкусовите одлично им се совпаѓаат.

Добар апетит!