Преферита

Баклава со кокос

Состојки

450гр. кори за баклава ; 250гр.мелени плазма бисквити ; 250гр.кокос ; 1 маргарин ; 150мл.масло;

Подготвување

Маслото и маргаринот се растопуваат заедно.Бисквитите се промешуваат со кокосот. За земаат 3 кори. Секоја кора се прска со мешавината од маслото и маргаринот и по малку од филот (бисквити со кокос). На третата кора се става повеќе фил, а потоа се викаат во ролат. Истото се прави со сите кори. Се редат во плех и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути, додека добие златно жолта боја. Готовата баклава се прелива со шербет.

Шербет :
1кг.шеќер ; 800мл.вода ;
Се вари шербетот да биде малку погуст и се прелива баклавата.

Добар апетит!