Состојки
450гр. кори за пита
; 75 гр. путер
; 500 гр. сирење
; 200 гр. кисела павлака
; 4 јајца
; ½ прашак за пециво
; 500гр.обарен,сецкан спанаќ
Подготвување
Се мешаат сите состојки од филот. Се земаат три кори и се премачкуваат со растопениот путер. На почетокот на корите се става од филот и се витка во ролат. Се повторува постапката со сите кори кои се редат во подмачкано плехче. Питата се сече на димензија околу 6cm и се прелива со растопениот путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-тина минути, додека добие златно жолта боја.
Добар апетит!