Преферита

Лиснато тесто со јаболко

Состојки


-700гр. Лиснато тесто (кора) Преферита

За Фил од јаболка
-4 големи јаболка
-8 лажици шеќер
-малку вода
-малку цимет
-малку сок од лимон
-2 карамфилчиња

За прелив
-малку млеко
-100гр. сецкани ореви
-100гр. шеќер

Подготвување

Јаболките излупете ги, исечете ги на коцки, ставете го шеќерот, карамфилчињата и лимоновиот сок. Додатете и малку вода, и ставете ги малку да варат додека да омекне овошјето. Процедете ги и испасирајте ги, па потоа додадете го циметот. Почекајте да се олади смесата.
Кората од лиснато тесто развлечете ја и поделете ја на 4 правоаголника. Подолгите страни на секој правоаголник засечете ги со ножот на секој сантиметар, и во средината ставете дел од филот од јаболко.
Пократките страни преклопете ги за да не истече филот.
Засецканите страни преклопете ги, но внимавајте средината да остане отворена,и наросете сецкани ореви одозгора.
Штрудлите премачкајте ги со млеко и ставете им малку цимет и шеќер одозгора.
Печете околу 20минути на 220 степени.
Штрудлата е неодолива! Крцкава а сочна, блага а лесна, топла или изладена..Пробајте ја!

Добар апетит!