Преферита

Пита со јаболко

Состојки


-450гр. кори за баклава
- 1,5кг. јаболка (рендани)
- 50гр. презла
-150гр.шеќер
- 100мл.масло
-50мл. кисела вода
-малку цимет и прав шеќер

Прелив
- 40гр.шеќер
- 100мл.вода

Подготвување

Јаболките излупете ги и изрендаје ги. Низ раката исцедете ги, за да немаат многу сок. Земете една кора и попрскајте ја со две лажици масло и една лажица кисела вода. Врз неа ставете ја и втората и третата кора и на ист начин попрскајте ги со масло и кисела вода. На целата должина на корите распоредете една лажица презла и врз неа ставете јаболки. Врз јаболките ставете 2-3 лажици шеќер, малку цимет и малку масло. Замотајте ролат. Повторете ја постапката со сите кори. Таванката обложете ја со хартија за печење. Ставете ги ролатите и секој ролат прелијте го со по една лажица масло.
Се пече 20минути на 200 степени.
За тоа време подгответе го преливот. Водата и шеќерот ставете ги само да зовријат. Со врел прелив прелијте ја испечената пита и оставете ја да се олади и да ја впие целата течност.
Исечете ја питата на парчиња и наросете прав шеќер.

Совет
-Ако сте љубител на посуви пити, прескокнете го преливот, а јаболката предходно пропржете ја малку.
Уживајте во вкусот!

Добар апетит!