Преферита

Банички со шунка и сирење

Состојки


900гр. кори за пита Преферита

За Фил
-200гр. рендано сирење
-200гр. рендана шунка

За премачкување на корите
-масло
- кечап
-1 јајце
-200мл. кисело млеко или павлака

Подготвување

Измешајте ги шунката и сирењето. Поделете ги корите на два дела (ако има 20 кори, поделете ги во две групи од по 10 кори). Првата кора премачкајте ја со кечап, врз неа ставете ја втората кора и премачкајте ја со малку масло. Повторете ја постапката со сите кори од првата половина (група) кори. На последната кора ставете го филот (сирење и шунка) и продолжете со мачкањето на корите од втората група по истиот редослед (кечап-масло, кечап-масло...). Замотајте ги во форма на ролат. Сечете го ролатот на парчиња од по 2-2,5сm.
Парчињата ставете ги во намрсен плех. Изматете едно јајце и додадете го киселото млеко (или павлака). Секое парче премачкајте го со овој фил. Печете на 200 степени додека да добијат убава златно-жолта боја. Совет: Овие мини банички се многу едноставни за подготвување, а вкусни се и кога ќе се оладат. Кога го ставате филот помеѓу корите, можете да додадете и оригано.
Пробајте, одлични се!

Добар апетит!