Состојки
450гр.кори за пита Преферита
; 8 јајца
; 400мл. кисела павлака
; 100мл. јогурт
; малку масло, сол и лебни трошки (презла)
Подготвување
Таванката намачкајте ја со масло и наронете малку лебни трошки (презла). Земете 3 кори за пита и искинете ги на парчиња.
Направете го филот – во подлабок сад искршете ги јајцта, посолете ги и додадете ја павлаката и јогуртот.
Половина од филот ставете го врз корите.
Врз филот повторно искинете 3 кори на парчиња, па ставете го остатокот од филот. Врз филот искинете ги и останатите кори.
Таванката ставете ја во рерна и печете 40-45мин.на 220 степени. Кога ќе ја извадите од рерна,оставете ја да отстои 5-10мин. покриена со крпа па потоа исечете ја.
Се служи топла.
Добар апетит!