Состојки
За фил:
1000гр.кори за пита Преферита
; 3 главици кромид
; 800гр.мелено месо
; зачини по желба (вегета, сол, пипер, лута пиперка)
За прелив:
5 јајца
; 180гр. павлака
; 350мл. кисела вода
Подготвување
Во малку масло, испржете го ситно исецканиот кромид, потоа додадете го месото, пропржете уште малку и зачинете по желба.
За преливот, изматете ги јајцата, па додадете ги павлаката и киселата вода.
На почетокот, одделете 2-3 кори кои ќе Ви требаат за да ја покриете питата одозгора.
Замете еден плех (плех од рерна), премачкајте го со масло и ставете 2 кори.Израмнете ги и ставете од филот со месо. Врз филот ставете 2 кори, но свиткајте ги како хармоника. Постапката повторувајте ја додека имате кори и фил, со тоа што корите кои ги ставате врз филот ставајте ги накрсно.
На крајот ставете ги израмнето корите кои предходно ги одделивте.
Питата сечете ја на коцки и прелијте ја со предходно припремениот прелив.
Оставете ја питата да стои барем еден час.
Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете ја питата.
Печете ја 35-40минути.
Добар апетит!