Преферита

Грчка баклава

Состојки

500г кори; 300г мелени ореви; 300г кокос; 200г чоколадо за готвење (бело); 1 ќесичка цимет.

Подготвување

За прскање на корите се топи еден маргарин и се меша со малку масло. Секоја кора се прави посебно. Се прска прво со мешавината од масло и маргарин, па се прска од филот направен од оревите, кокосот, ренданите чоколади за готвење и циметот. Се зема игла за плетење, на неа се витка кората како ролат, се набира од двете страни и се вади од иглата. Се сече на три дела (ова се оние мали баклавчиња, за едно залаче). Се пече на 200 степени, а ладна се попарува со млак шербет од 1кг шеќер и 700мл вода.

Добар апетит!