Состојки
Потребно е 1 кг кори Преферита. Филот се прави од 150г мелени ореви, 150г сецкани ореви, 100г суво грозје, 100г кокос, 100г рендано чоколадо за готвење и 200гр. шеќер - сите овие состојки се попаруваат со 200мл. врела вода и убаво се меша.
Подготвување
За секој ролат се редат по 4 кори, се прскаат со масло и вода, па се филуваат и се виткаат. После печењето се попарува со шербет од 1кг шеќер и 1л вода.
Добар апетит!