Состојки
1кг кори Преферита; 500г лешници;
1 маргарин; 250г масло.
Подготвување
Се редат корите во плех и секоја се прска со малку масло и малку потпечени мелени лешници. Кога е готова се сече, па се попарува со стопениот маргарин, па се пече. Шербетот се прави од 1,5 кг шеќер, 1л. вода, 1 ќесичка ванилин шеќер и малку лимонтус, па ладната баклава се попарува со топол шербет.
Добар апетит!