Состојки
1кг. Кори за баклава Преферита
; 6 јајца
; 6 супени лажици шеќер
; 500гр. мелени ореви
; 1 лимон (рендана кора)
; 1 супена лажица какао
; 350гр. маргарин
Шербет
1,5кг. шеќер
; 1,5л. вода
; 1 лимон сечен на тркалца
; 1 ванилин шеќер
Подготвување
Најпрво се матат јајцата и шеќерот. Потоа се додаваат мелените ореви, ренданата кора од лимон и какаото. Смесата добро ја промешуваме да се соединат сите состојки. Во подлабок сад го растопуваме путерот. Земаме една кора, ја попрскуваме со стопениот маргарин. Земаме уште една кора и неа ја попрскуваме со маргарин. И третата кора ја попрскуваме со растопениот маргарин и на крајот од корите ставаме дел од филот, и мотаме стегнат ролат. Готовиот ролат го ставаме во намрсен плех. Постапката ја повторуваме со сите кори.
Ролатите се сечат на парчиња од по 6 см. и се полеваат со преостанатиот растопен путер. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Во пригоден сад се става шеќерот, ванилиниот шеќер и водата да зовријат. Кога ќе почне да врие, после 10-15минути го ставаме лимонот сецкан на тркалца.
Ладна баклавата се прелива со топол шербет.
Добар апетит!