Состојки
450гр кори за баклава
; 350гр мелени печени кикирики
; 50гр мелени плазма бисквити
; 150гр рендана чоколада за готвење
; 150гр шеќер
; 150мл зејтин(за премачкување на корите)
; 800мл вода
; 650гр шеќер
; 1 лимон
; 150гр чоколада за прелив
; 150гр мaргарин за преливот пред печење
Подготвување
Се зема една кора и се попрскува со зејтин. Над неа се става втора кора и се наросува со филот. За филот се мешаат сите состојки кикириките, бисквитите, шеќерот и чоколадата. Филот е сосема доволен за корите и затоа немој да штедите слободно може да се ставаат по 4 полни лажици на ролат.
Значи откако втората кора ќе се нароси со филот се витка во ролат и притоа убаво се стега.Така се прави и со останатите кори додека не се потрошат. Откако ќе се свиткаат ролатите баклавата се прелива со растопениот маргарин и се става да се пече,
Испечената баклава уште врела се прелива со ладниот шербет и кога ќе се олади се декорира со растопена чоколада.
Составот на оваа баклава е доста компактен и вкусот е навистина прекрасен.
Добар апетит!