Преферита

Чоколадна баклава

Состојки

450гр. кори за баклава ; 300 гр. ореви-пола сецкани и пола мелени ; 300 гр. чоколадо за готвење рендано ; 250 гр. путер несолен ; 1 лажичка цимет ; морско оревче;

Шербет:
600 гр. шеќер ; 600 гр. вода ; 0,5 лимон цеден .

Подготвување

Во ренданата чоколада се додава циметот. Се зема една кора и се превиткува на пола. На неа се наросува една супена лажица рендани ореви, една супена лажица мелени ореви и две супени лажици рендана чоколада. Потоа кората се витка во тесен ролат. Се повторува постапката со сите кори кои се редат во подмачкано плехче. Баклавата се сече на димензија околу 6cm и се прелива со растопениот путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути, додека добие златно жолта боја. Испечената баклава се вади од рерната и над неа се попрскува малку морско оревче. Се остава да се олади и се прелива со топол шербет.

Припрема на шербетот:
Се ставаат шеќерот и водата да вријат околу 10 – тина минути. Се додава сокот од лимон и рендана кора од лимон и се остава да вари уште 2 минути. Се остава да олади околу 5 минути пред да се прелие баклавата.

Добар апетит!