Маркет

Мисија и Визија

Маркет Русе им нуди на своите купувачи широк асортиман на производи по најдобри цени, сигурно и квалитетно потекло со разновидна и исклучиво поволна акциска понуда. Големо внимание посветуваме на понудата на роба и услуги, бидејќи се раководиме по принципот дека нашите купувачи заслужуваат само квалитет. Наш стремеж е секогаш да гледаме напред и што е можно побрзо да ги претвораме идеите во акција. Сакаме на купувачите да им дадеме повеќе одколку што очекуваат. Без задоволни и насмеани купувачи, нашето дело и труд се ништо.

Нашата мисијата се темели на иновативност, напредок, добар однос помеѓу вработените, задоволување на различните сегменти кај купувачот, понуда на квалитетни производи и услуги по пристапни цени, гарантирање на поединечен развој и социјална грижа за вработените.

Сакаме активно да се вклучиме во друштвениот живот и на своите купувачи да им понудиме повеќе од само производи.