Маркет

Маркетот Русе е традиција која трае 20 години

Започнавме како мал маркет, сакајќи да ги задоволиме потребите на околното население, но за краток период бројот на купувачи се зголеми, што бараше од нас да отвориме Нов, Голем Супермаркет.

Формиравме силен тим на вработени кои се посветени луѓе, фокусирани на своите задачи, кои работат со љубов и одговорност.

Новиот концепт на маркетот, со непосреден однос, со совршена услуга, оптимален асортиман и современа опрема има за цел да одговори на потребите на потрошувачите. Кај нас, услугата кон потрошувачот веќе функционира на највисоко ниво и таа постојано се стреми кон совршенство.

Нашето делување е насочено кон задоволување на потребите на сите потрошувачи и бизнис партнери кои стапуваат во контакт со Русе Комерц.

Со професионален и софистициран однос ,со целосна понуда на услуги и производи како и услови во тренд со сите европски стандарди се залагаме и работиме за подобрување на квалитетот на живеење.

Маркет Русе - мапа